Обвинителката Вилма Русковска го повика Бојан Јовановски да ги пријави во полиција доказите за корупција кои тој тврдеше дека ги поседува за неа, по денешното рочиште за случајот „Рекет“.

Првообвинетиот во случајот, Јовановски, вчера тврдеше дека има „несоборливи докази за криминал поврзан со корупција на Русковска вреден четири милиони евра“, поради што побара нејзино изземање од „Рекет“.