Во Основниот суд Скопје 1 Скопје е закажано рочиштето кое се однесува на злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, познат како „Маџар Телеком”.

Овој судски процес се води против генералниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат, како и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од Специјалното јавно обвинителство.

Судењето за „Маџар Tелеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Тие се осомничени дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“.