Поради службено отсуство на претседателот на Судечкиот совет Оља Ристова, рочиштето за предметот „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 13 ноември.

Во предметот се обвинети пратеникот на ДУИ Ејуп Алими и Исмет Гури за изборни нерегуларности во Општина Чаир.