Архива / Фото: Игор Бансколиев

Роднините и пријателите на патниците кои се превезувале со автобусите на „Беса Транс“, апелираат до институциите и до туристичката агенција за информации во овие тешки мигови, додека чекаат пред просториите на „Беса транс“.

– Од 6 утрово се информираме преку Фејсбук. Веќе три-четири часа се јавуваме во „Беса транс“. Немаме никаква информација, ниту пак се јавуваат. Тоа не е добро. Сега кога е трагично треба да се поактивни. Ги замолувам институциите да ги информираат луѓето – изјави роднина на патник кој требало да се врати од Турција.

Полицијата утринава ги обезбедува просториите на „Беса транс“ во Скопје. Во сообраќајката на автопатот „Струма“ во Бугарија загинаа 46 македонски државјани.