Двегодишно дете од Штип било повредено при престојот во градинка, според пријавата на родителот.

Како што соопшти МВР, случајот во полиција вчера попладне го пријавил таткото на детето, 23-годишниот Г.З. од Штип. 

Родителот Г.З. пријавил дека на петти јули го однел неговото двегодишно дете во градинка во Штип и околу 14:30 часот, кога отишол да го земе, забележал дека детето има повреди и веднаш реагирал кај вработените. Потоа заминал со детето во ординација за детски болести во Штип.

Полицијата информира дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.