Четириесет и шестгодишен ресенец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено бомби.

Против него е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста и лажно пријавување кривично дело, а судот му определи притвор.

– СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И. (46) од селото Горно Крушје, Ресенско. Пријавениот во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе СМС-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид – соопшти МВР.