Сообраќајот на регионалниот пат Берово – Делчево од 10.55 часот времено е затворен позади пожар, соопштија од АМСМ.

Во другите делови од државата според АМСМ сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, велат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.