Рачна бомба од Втората светска војна е пронајдена на брегот на Дебарското Езеро, кај месноста Венец.

Како што соопштија од СВР-Охрид, вчера во 13.35 часот, на брегот на Дебарското езеро во месноста Венец, случаен минувач забележал стара експлозивна направа – рачна бомба.

Подрачјето било обезбедено од полициски службеници сè до 18 часот, кога овластено службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување извршило безбедно подигнување. Тој констатирал дека се работи за рачна бомба од италијанско производство која потекнувала од Втората светска војна.