Ноќеска околу 3 часот по полноќ полицијата растурила домашна забава во Центар, при што уапсени се 28 луѓе.

– Имено, постапувајќи по претходна пријава, а по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во дом на ул. „Славејко Арсов“, кај В.Ѓ., при што се затекнати 28 лица приисутни на домашна забава – соопшти МВР.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.