Специјалецот Игор Спасов, кој е осуден на 14 години затвор за убуството на Мартин Нешкоски, од денеска се бара со потерница.

Потерницата е објавена на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.

Спасов е осуден на 14 години затворска казна за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на партламентарните избори. Тој требаше да се јави во затворот „Идризово“, на 18 октомври.