Душко Јанковиќ, кој е бранител на Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ, вели дека неговата клиентка била донесена во заблуда од страна на Бојан Јовановски како претседател на Меѓународниот сојуз. Според него, Јовановски кроел план против Мандиќ-Ерцеговиќ кој таа не го знаела. Таа по распитот прилима решение за завршена истрага од страна на обвинителката Вилма Русковска.

– Неспорно е дека е донесена во заблуда. Правнички речено, во стварна заблуда. Не само таа, туку и други биле донесени во заблуда. Кога не знаете дека некој позади вас има друг план и крои нешто друго, односно еве да речеме измама во овој предмет, тоа е стварна заблуда. Специјално ви кажувам за Јасна дека така е – рече Јанковиќ по петчасовното сведочење на Мандиќ-Ерцеговиќ пред Русковска.

Јанковиќ вели дека не може да сподели детали од исказот, бидејќи наредните денови ќе сведочат останатите осомничени во случајот за Меѓународниот сојуз.

– Прашања имаше, нормлано. Но, никогаш не беше спорно дека Јасна Ерцеговиќ не сакаше да даде исказ, она секако ќе го дадеше во постапката. Истрагата заврши денеска. Меѓутоа, со оглед дека утре доаѓа да даде исказ Ременски, во петок Христина, Бојан и татко му, не можам да давам детали за самиот исказ. Меѓутоа, неспорно е дека е донесена во заблуда. Правнички речено, во стварна заблуда – додаде Јанковиќ.

Адвокатот на Мандиќ-Ерцеговиќ, Душко Јанковиќ вели дека таа потпишувала документи, но таму стоеле постписи на повеќе членови во Меѓународниот сојуз.

– Нејзиниот потпис го има во договорот со ‘Дрим билдинг’ и мислам дека и со ‘Пелистер’ бидејќи е координатор на проектот и дел од Меѓународен сојуз. Таму има повеќе имиња и презимиња кои се сведоци во постапката. Тоа е еден колегиум од пет особи од Меѓународниот сојуз кои потпишуваат – кажа Јанковиќ.

Бранителот на Мандиќ-Ерцеговиќ вели дека ќе почека да ги види исказите од остантите осомничени, по што ќе донесе заклучок.

Распитот на Мандиќ во Обвинителството траеше повеќе од пет часа, а беше донесена од затворската полиција, бидејќи на неа и е одредена мерка куќен притвор поради опаснст од бегство, уништување на докази и други основи.

Мандиќ се сомничи за измама и перење пари во износ од засега неутврдени милион евра, кои Јовановски ги земал од бизнисмени за изградба на европски центри за возрасни лица, преку сметки на приватни лица.

Освен заменик-претседателката Јасна Мандиќ, Обвинителството за делата „измама“ и „перење пари“ ги сомничи и таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистенката на Јовановски – Христина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.