Во претпладневните часови на 24 декември, 49-годишен жител на кумановското село Отља, во полициското одделние Матејче пријавил дека во близина на селото Отља забележал рачен ракетен фрлач „зоља”.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.