Директорот на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, Сенад Смаиловиќ, е разрешен од функцијата.

Информацијата за разрешувањето ја објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

– Почитувани, дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција – напиша Шилегов.
Според полицискиот билтен, на 15 август во 22:40 часот на улицата Владо Малески во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.

Тој бил приведен во полициска станица.