Три непознати лица вчера околу 17 часот извршиле разбојништво врз Д.П.(31) од Мелбурн, Австралија на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје. 

Како што информира МВР, случајот синоќа, во 20:25 часот, во Полициската станица Центар го пријавил оштетениот.

Според пријавата, сторителите со закана со нож на Д.П. му одзеле чанта со лични предмети, машки часовник и едно златно ланче.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.