Непознати сторители извршиле тешка кражба на маркет во периодот меѓу 18 и 19 април, за време на целодневниот полициски час.

Кражбата се случила во продажен објект на улицата Кузман Шапкарев во Скопје, при што разбојниците со употреба на погоден предмет ја отвориле вратата и од канцеларија во маркетот одзеле сеф со пари и производи.

Полицијата работи на расчистување на случајот.