Двајца разбојници со метален предмет нападнале и ограбиле 20-годишно момче во Центар.

Според информациите на МВР, вчера во Полициска станица Центар, Д.Р.(20) од Скопје пријавил дека околу 20 часот на подрачје на Центар бил физички нападнат со метален предмет од две лица кои му украле пари, мобилен телефон и други предмети.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.