Седумдесет и тригодишниот Д.Р. од Радовиш пријавил во полиција дека на поткровјето на фабрика на улицата „Св.Спасо Радовишки“ го пронашол безживотното тело на неговиот син Д.Ц. (48).

Како што информира МВР, било констатирано дека смртта настапила како последица од труење со инсектицид.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Радовиш. Со согласност на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.