Работник од Албанија е повреден во Гостивар вчера попладне, кога во станбена зграда во изградба, при покревање на цигли со електрична дигалка од приземје до четвртиот кат паднала една цигла што го погодила во главата.

Повредениот бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите со медицинско возило бил пренесен во Невролошката клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.