Во Полициската станица Пробиштип доцна синоќа било пријавено дека во Јавната здравствена установа Пробиштип, бил донесен 23-годишен жител на Пробиштип, кој, според пријавеното, се здобил со повреди при работа во фабрика во Пробиштип.

Тој бил префрлен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош. Се преземат мерки за расчистување на случајот.