Триесет и осумгодишен маж вчера бил погоден од заталкан куршум во левото рамо додека го надгледувал пчеларникот во струшкото село Бороец.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 15:50 часот во полиција било пријавено дека во атар на село Бороец-струшко, А.Д.(38) надгледувајќи го пчеларникот, бил погоден од заталкан куршум во левото рамо. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.