Врз основ на судска наредба, синоќа по полноќ, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на С.Л.(53) од Струга.

При претресот биле пронајдени и одземени воздушна пушка „ГАМО Делта Фокс“, ловна пушка „Застава“, 50 куршуми калибар 7,65 мм; 22 малокалибарски куршуми; осум патрони калибар 7,6 мм; пет патрони калибар 8,5 мм; еден куршум непознат калибар, мобилни телефони и три кутии со алат за насилно обивање на врати.

По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.