Вчера напладне на Ургентниот центар при Комплексот клиники Мајка Тереза било пријавено дека кај нив со телесни повреди бил донесен И.Н.(29) од селото Крушопек, Скопско.

– Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека, додека се движел кон неговиот дом во селото Крушопек, едно лице испукало еден куршум кон него, кој го погодил во ногата, по што забележал возило кое со голема брзина поминува покрај него – велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.