Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во полиција.

Службеници излегле на терен, потврдуваат од МВР, и додаваат дека на местото на настанот биле пронајдени чаури.

Засега не се знае кој и зошто пукал.

– Денес по 10 часот било пријавено дека на улицата Џон Кенеди се слушнало пукање од огнено оружје. По пријавата е излезено на местото на настанот, но не се пронајдени лица, а пронајдени се само четири чаури – велат од МВР.

Во полицискиот билтен пукање во Чаир беше пријавено и на втори јуни кога во раните утрински часови во близина на угостителски објект и градинка на улицата Архиепископ Доситеј едно лице пукало од огнено оружје кон 24-годишен скопјанец, кој управувал мотоцикл, при што бил повреден во пределот на ногата.