Во пукање за време на погреб на Флорида убиени се две лица, додека други две се ранети, соопшти полицијата. Инцидентот се случил пред црква, пренесуваат американските медиуми.

На лице место починале 15-годишно момче и еден маж. Повредени се жена и уште еден тинејџер, кои веднаш биле пренесени во болница.

Полицијата наведува дека биле испукани 13 куршуми. Никој се уште не е уапсен, пренесе АП.