Пукање со огнено оружје се случило синоќа во селото Љубанци, скопско, јави МВР.

Полициски службеници излегле на местото и по преземените мерки било констатирано дека настанала расправија помеѓу А.С.(24) од с.Волково, скопско и М.С.(26) од с.Никиштане, скопско, од една страна и А.Ј.(20) од с.Љубанци и Ф.Д.(22) од с.Радишани, скопско, од друга, по што А.С. бил физички нападнат.

Според пријавеното, М.С. помислил дека и тој може да биде нападнат и испукал неколку куршуми во воздух и заминал од местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.