Фото: илустрација

Вооружени лица утрово извршија разбојништво во „НЛБ банка“ на ул. „Ферид Бајрам“ во скопската населба Чаир, при што одземале непозната сума пари.

Настанот е пријавен во МВР во 10.30 часот, откаде што појаснуваат дека при разбојништвото имало пукање од огнено оружје, но нема повредени.

Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е., 26-годишен вработен во обезбедувањето на банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.

„НЛБ банка“ се огласи преку соопштение во кое се истакнува дека клиентите кои се затекнаале во експозитурата и вработените на банката се безбедни и во добра состојба. Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот, а средствата на корисниците се сигурни.