Вооружен напаѓач денеска отворил оган врз вработена во маркетот „Кипер“ во Чаир, соопшти полицијата.

Според истиот извор, машко лице пукало во вработената А.Ѓ., а случајот во полиција го пријавиле вработени во маркетот кој се наоѓа на улица Кемал Сејфула.

Полицијата работи на расчистување на случајот.