Починато машко лице било пронајдено вчера во стан во Тетово, откако комшиите во полиција пријавиле дека од станот се ширела непријатна миризба.

Како што информираат од МВР, вчера во 10:20 часот во СВР Тетово, С.О. (45) од Тетово пријавил дека во стан на ул. „121“, каде живеел Б.П. (75), во последните неколку дена се чувствувала непријатна миризба.

Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле починато машко лице. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, Јавен обвинител и лекар по судска медицина, при што била пронајдена патна исправа и здравствена книшка од сопственикот на станот Б.П.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.