Пронајден е малиот Михаил Илијевски од населбата Драчево, за кој утрово неговата мајка на социјалните мрежи бараше помош да се пронајде, откако не се појавил на училиште. Тој е во добра здравствена состојба.

Неговите родители се заблагодарија за помошта на сите хумани луѓе, а посебно на полицијата.