Маж изгоре синоќа во својот дом. Околу 07,00 часот било пријавено дека во с.Узем-Крива Паланка, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на Љ.С.(58).

-Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица. При увидот било пронајдено опожареното тело на сопственикот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка, соопшти МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.