Починато лице било пронајдено вчера попладне во стан во Скопје, информираат од министерството за внатрешни работи.

Вчера во 12 часот и 50 минути во СВР Скопје од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека во стан на ул „Ташко Караџа“, имало починато лице без видливи траги на насилство.

Се работи за лицето С.А.(44) од Скопје, велат од МВР.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.