Полицијата пронашла оружје при извршен претрес во дом и во други простории во скопските села Ржаничино и Чифлик, Скопско, кај С.Л.(57) и кај М.Л.(67), и двајцата од Чифлик.

При претресот кај М.Л. се пронајдени ловна пушка „штаер“ кал.7,9 мм и 75 куршуми калибар 7,9 мм., додека кај С.Л. се пронајдени 30 куршуми кал. 7,65×39 мм., една празна рамка за автоматска пушка и 6 патрони ловна муниција.

Лицата се лишени од слобода, а по комплетно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.