Владимир Поповски (85 години), кој исчезна на 13 мај и два дена се водеше како исчезнат, е пронајден од страна на тимот за спасување на Дирекцијата за заштита и спасување, кои во соработка со припадниците на МВР-СВР Битола трагаа по него.

Дирекцијата за заштита и спасување ја извести јавноста дека Владимир Поповски е пронајден на местото Тумбе кафе.

Поповски е пронајден со видни повреди по телото, и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во битолската болница.

Необично е што Поповски е пронајден дури денеска, иако на тој дел од Тумбе кафе каде што се движел постојано има голем број битолчани кои се рекреираат и пешачат, но кои не го забележале. М.М.