Фото: Илустрација

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал.

Вчера околу 21 часот на излезот од село Банско кон село Свидовица, полициски службеници пронашле паркирано товарно моторно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки во кое што биле пронајдени 47 мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак, додека возачот на возилото избегал.

За настанот е запознат јавен обвинител, а лицата се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје и Привремениот транзитен центар во Гевгелија.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.