Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Според информациите на МВР, приведени се две лица и против нив е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, работејќи на полето на сузбивање на организирани криминални групи кои вршат производство и недозволена трговија со наркотични дроги на национално и меѓународно ниво, заедно со полициски службеници од СВР Охрид спроведоа заедничка координирана акција на подрачјето на Охрид, при што во близина на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид беа пронајдени и запленети 1.243 стебла канабис сатива – соопшти МВР.