Во дневниот билтен МВР информира дека на автопатот Гевгелија-Скопје, на мостот на „Зуичка река“, се пронајдени осум илегални мигранти од Авганистан.

-На автопатот Гевгелија-Скопје, на мостот на „Зуичка река“, вчера во 20:30 часот полициски службеници забележале патничко возило „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С. С. (43) од Скопје, како нагло застанува и од него излегуваат осум непознати лица- се наведено во дневниот билтен на МВР.

Нешто подоцна возилото било запрено, три километри после клучката кај село Смоквица, а по пребарување на реонот биле пронајдени осум илегални мигранти од Авганистан, кои изјавиле дека се превезувале со возилото. Тие биле приведени во Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин „Богородица“ за понатамошна постапка.

Исто така, возачот на возилото бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.