Фото: Илустрација

Полицијата откри насади со марихуана во Гевгелиско и приведе четири лица.

Според информациите на МВР, вчера на местото викано Жабјак во село Негорци, Гевгелиско, полициски службеници ги привеле Ј.М.(30) од Негорци, С.В.(25) од Гевгелија, В.Л.(21) од Богданци и Х.М.(23) од Гевгелија.

При претрес на повеќе локации на наведеното место, полициски службеници пронашле и одзеле 381 насади од растението канабис сатива, а лицата биле затекнати на местото.

Тие биле приведени и задржани полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.