Полициски службеници пронашле седум торбици со поголема количина на спакувана марихуана со тежина од над 100 килограми, во пловен објект на брегот на Охридското Езеро, информира МВР.

Акцијата ја извеле полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал странци и реадмисија – Регионален центар за гранични работи Запад при Бирото за Јавна безбедност во координација со Основното јавно обвинителство Струга, како
резултат на претходно преземени мерки и активности во раните утрински часови на регионалниот пат Струга – Охрид во близина на месноста викана „Рампа“ кај Струга.

Од страна на увидна екипа извршен е увид на лице место, а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси“ по член 215 од Кривичниот Законик.