Вчера во атарот на Богданци e пронајден човечки череп, коска и делови од облека.

Како што соопштија од СВР Струмица, пронаоѓањето на делови од човечко тело е пријавено во Полициската станица Гевгелија, а спронајдената облека соодветствувала со таа што ја носел М.И. (61) од Богданци, кој неодамна се оддалечил од својот дом и имал нарушено здравје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициска станица Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител пронајдените делови од телото се предадени на вештачење.