Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. 

На 18 декември 2018 година во Прилеп, во Казнено-поправната установа „Затвор – Прилеп“, при преглед на пакет наменет за пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.