При извршен претрес во домот на Ф.Б.(23) од Кичево, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 27 полиетиленски пакувања со опојна дрога марихуана.

Истиот е приведен и по целосно документирање на настанот Одделението за внатрешни работи-Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

Инаку претресот е извршен во текот на вчерашниот ден – информира Стефан Димовски, портпарол на СВР-Охрид.

З.А.