Во средата околу 21.40 часот, во ОВР Кичево се приведени С.Б.(33) и Д.Ј.(25) двајцата од село Другово, Кичевско. При преглед извршен врз нив на ул. 11 Октомври, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пет најлонски пакувања со опојна дрога марихуана. Против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава од страна на ОВР Кичево, извести Стефан Димиски, портпарол на СВР Охрид.