При изведување на градежни работи во близина на црквата во село Трново, Битолско, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.