Фото: Архива

Судењето за упадот и насилствата во Собранието од 27 април 2017 година, продолжува денеска со рочиштето на кое е предвидено да сведочат Михаил Младеновски и Сашко Коцевски.

Во случајот, за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, обвинети се се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, поранешните министри од владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Обвинителка е Вилма Русковска.