Повторно се одложи рочиштето за предметот „Титаник“, што е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство(СЈО).

Судијата Осман Шабани пред сите обвинети соопшти дека денешното рочиште се одлага затоа што Врховниот и Апелацискиот суд сė уште не ги доставиле одговорите на барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелацискиот суд и неговиот заменик, како и на претседателот на Кривичниот суди и неговиот заменик. Со оглед на фактот дека не се запазени законските услови за продолжување на постапката судијата одлучи рочиштето да се одложи за 9 мај.

Во „Титаник“ се обвиенти поранешнит премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Во судската салата денеска дојде поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, чие судење поради ризична бременост е издвоено во случајот „Тенк“. А од домашен притвор во судската сала беа присутни и обвинетите Мунир пепиќ и Едмонд Темелко.