Фото: Архива

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, денеска треба да продолжи во Основниот кривичен суд во Скопје. Случајот се наоѓа во доказна постапка. Одбраната почна со презентирање на материјални докази на минатото рочиште.

На минатото рочиште, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски образложи дека правел напори за продолжување на конститутивната седница, но дека не биле обезбедени деловничките околности за тоа. Неговата одбрана повика околу 50 сведоци, пратеници кои треба да бидат сослушани на некои од следните рочишта.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Судскиот процес го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.