Фото: Игор Бансколиев

Ново рочиште за автобуската несреќа кај Ласкарци треба да се одржи денеска во Кривичниот суд во Скопје. 

Извештаи од Судска медицина и од психијатар за возачот на автобусот на „Дурмо турс“ Маноил Трифуновски беа презентирани на последното рочиште.

Обвинителот Дарко Јакимовски го застапува обвинителниот акт, а Кривичниот совет го води судијката Диана Груевска-Илиевска.

Во сообраќајката кај Ласкарци, лани на 13 февруари, животот го загубија 16 лица, а 30 беа повредени.