Полицијата и натаму го бара момчето кое вчера исчезна во реката Вардар, кај неготинско Пепелиште.

Момчето почнало да се дави во реката, а другарче се обидело да му помогне, но безуспешно.

„На 15.08.2021 околу 16.00 часот во Полициската станица Неготино, З.Ј.(39) пријавил дека неколку малолетници влегле во реката Вардар, при што еден од нив, од с.Пепелиште, неготинско, не бил виден да излезе од водата. Полициски службеници и припадници на специјалната нуркачка единица трагаат по лицето“, велат од МВР.