Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Триста“ на СЈО во кој е обвинет Ѓоко Поповски поранешен помошник-министер во МВР за набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, на кое треба да сведочат уште неколкумина сведоци.

На претходното рочиште двајца сведоци, кои биле вработени во МВР и биле дел од Комисијата за набавка возилата ја појаснуваа процедурата околу набавката. Тие како и сведоците од минатото рочиште, меѓу другото појаснија дека набавката била поделена на три лота, а објаснуваа и за тоа што се барало, односно кои биле карактеристиките на возилата и за кои потреби во МВР се набавувале.

Според обвинителниот акт, Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453.570 евра.

Поповски, според СЈО, тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.