За 30 дена продолжен е притворот на двајцата насилници од Штип кои во јануари брутално тепаа 20-годишна девојка, а насилството го снимаа на мобилен телефон, пренесуваат повеќе медиуми повикувајќи се на информации од Основниот суд во Штип.

Предметот веќе е распределен кај судија, кој во најбрз рок ќе го закаже и судското рочиште.

Двајцата насилницит на возраст од 23 и 26 години се обвинети за сторено кривично дело „насилство”, за кое казната се движи од шест месеци до пет години затвор.